При гоствањето во ИН продукција познатиот свирач на зурла и кавал Џелјо Дестаноски изјави дека пред скоро време тој бил во посета во Србија и дека таму соработувал со така кажано најдобриот хармоникаш во Србија Борко Радивојевич и оркестарот Тигрови, каде што Џелјо бил специјален гостин за да работи на негов проект во кој што се појавува со неколку композиции на кавал и една зурла. Тој се надева дека и понатаму ќе соработува со познати музичари од македонската естрада и пошироко. 15,03-16,19
-Пред една недела бев во Србија. Имав добра соработка со најдобриот хармоникаш Борко Радивојевич и тигрови. Работевме на негов проект и јас сум специјален гостин, свирам на неколку композиции со кавал и на една со зурла. Благодарен сум што соработував со еден врвен музичар. Се надевам дека и понатаму ќе соработувам со повеќе такви музичари од македонската естрада но и пошироко.
Џелјо оваа година ќе ја памети по неговата прва австралиска турнеа во соработка со Анета и група Молика и тоа што првите впечатоци се најпозитивни. Неодамна исто така Џелјо се појави како специјален гостин во новиот видео музички проект кој го сработија “Универзал бенд”.
