Неодамна, познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски беше дел од Велигденското шоу на Спасен Силјаноски со пријателите кое се снимаше во соработка со ИН продукција. Приликата ја искористивме да поразговараме со Дарко и да откриеме нешто повеќе што тој работи и подготвува на музички план.
-Моментално работам две песни, паралелно. Едната е скоро при крај и уште една спремаме. Се надевам дека за кратко време ќе бидат готови и ќе имаме можност да ги презентираме кај вас, истакнува Дарко.
Дарко на велигденскиот проект се појави со една песна која е идеално одбрана и се вклопува во целиот музички репертоар со кој се појавува Спасен. За многу брзо време најавува нои песни и албум.
