Божидар Николовски е младо име кој успешно продира во забавната македонска песна. Тој со своитерелативно први чекори во музиката веќе има направено две песни од кои за едната има и спот. Песната за која сними и спот е насловена “Свој” а како што додава Божидар станува збор за типично автобиографска песна во која се испреплетуваат и негови текстуални способности.
-Ова е моја втора авторска песна. Овојпат имав идеја да направиме песна кадешто публиката ќе може малку повеќе да го запознае Божидар Николовски, како јас гледам на животот, како гледам на мојата музичка кариера и кој се некои мои ставови и размислувања во врска со сето ова што го работам, бидејќи знам сите нас кои прашања не мачат и кои размислувања. Токму поради тоа ја направивме песната “Свој” во којашто наоѓаме и утеха и мотивација за да продолжиме понатаму. Сите оние размислувања којшто сите не мачат ги има во таа песна и навистина на крајот наоѓаме заеднички едно решение. Ова е моја втора авторска песна која што го носи наслоовот “Свој” е автобиографска. Се смешав во пишувањето на текстот, а инаку комплетен авотр на музиката, текстот и аранжманот е Мими Марковски. Зад видео продукцијата се потпишува Дејан Трајчевски и песната е снимена на две локации во Скопје и Охрид, коишто покрај Битола се моите два омилени градови, па можеби токму поради тоа и се одлучивме за тоа, истакнува Божидар.
Втората авторска песна од Божидар е насловена “Да си моја”и за неа нема видео запис бидејќи е фестивалска песна. Овие две песни се промовирани најповеќе на поголемиот број портали а деновиве при гостувањето на Божидар во ИН продукција, публиката ќе има можност видео записот за “Свој” да го погледне и на овој сателитски канал.
