Маестро Велков, оваа вечер ќе прераснe во традиција

Please follow and like us:
Pin Share

Несекојдневен настан се случи во средата вечерта на 20 март во Кочани, каде во организација на маеестро Сашко Велков и Иван Михајлов од ресторанот “Амор” се одржа првата Балканска инструментална вечер. За истакнување е тоа што ваква вечер се одржува за прв пат во нашата земја, а интересот беше навистина голем со оглед на преголемата посетеност на настанот.

Идејата да се организира една ваква вечер е на маестро Сашко Велков каде минатата година присувствувал на слична ваква вечер огранизирана во Варна, Република Бугарија.

-Публиката е таа што треба да каже што и како е, што се случи оваа вечер. Знаете како е кај нас, некои може ќе бидат задоволни , некои повеќе, некои помалку. Би рекол генерално дека една ваква вечер е реткост да се види кај нас. Се правело и на времето можеби музички вечери но тоа било во друг контекст. Вакво нешто беше да се направи инструментална вечер со гости од Република Бугарија, требаше да има и други гости од од други земји но тоа да кажеме ќе го оставиме за следна прилика и се надевам дека ќе држиме некоја традиција. Дај Боже да има вакви настани затоа што нас сето ова не рани, сакаме вакви вечери, настани. Знаете како работиш, вежбаш, сакаш да се истанеш неколку минути. Тоа си е можеби некоја болест, тоа го знаат токму како што реков музичарите и инструменталистите, истакнува Сашко Велков.

Сашко повеќе од се е најзадоволен од интересот кој се пројави од страна на неговите верни пријатели и колеги кои беа дел од прекрасната балканска вечер.

-Имаше публика и не музичари кои верувакте обожаваат вакво нешто да слушнат кое е реткост за да се види и навистина јас сум многу задоволен, истакнува Сашко.

На Балканската вечер покрај маестро Сашко Велков, дел беше и маестралниот хармоникаш Миан Завков но и гостите врвни музичари од соседна Бугарија Ѓорги Јанев и Пламен Димитров. Секако помеѓу бројната публика беа и дел од познатите естрадни имиња на маедонската естрада кои со големо внимание го проследија настанот.

Please follow and like us:
Pin Share