Нови заеднички проекти најавуваат Далибор Даки Ѓошиќ и група Корона

Please follow and like us:
Pin Share

Плодната соработка на еден од најдобрите вокали во земјава, Далибор Даки Ѓошиќ, заедно со група Корона, продолжува и понатаму. Покрај нивните два видео проекти, од кои едниот беше снимен во ИН Продукција, во најава се уште неколку заеднички соработки за следниот период.

Одлична музичка соработка бележат Далибор Даки Ѓошик и членовите на група Корона. При гостувањето во ИН Продукција тие најавија дека соработката продолжува и понатаму во засилено темпо бидејќи покрај снимањето на проекти, имаат и бројни заеднички ангажмани.

-Понатаму ќе продолжиме сигурно со соработка со група Корона, бидејќи имаме доста настани, доста најавени средби, тука се и свадбените прослави. Во скоро време ќе се потрудиме како целина заеднички полека да почнеме да патуваме надвор. Зошто јас да одам сам или тие да одат без мене кога можеме сите заедно како и денес. Се дружевме прекрасно, денот помина многу лесно и мислам дека баш тоа е успехот. Со лесно да се дружи, да се работи, да се шета и тоа е тоа.-открива Далибор, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Пред извесно време Далибор и група Корона во студиото на ИН Продукција снимија заеднички видео проект со добро одбрани македонски народни песни и ора. Но тука не запираат, тие веќе ги одбираат новите песни кои ќе бидат дел од проектите кои ќе ги изработат во претстојниот период.

-Како и сите наши колеги, очекуваме доста гледаност пред се, да не прифатат уште повеќе, да дознаат дека соработуваме заедно со група Корона, подготвуваме уште доста проекти заеднички и си посакуваме среќа пред се, а се останато е на публиката. Таа ќе го даде својот одговор.-додава тој, при интервјуто за ИН ТВ.

Ова е за нив втора заедничка соработка, откако претходно снимија уште еден проект на кој има околу десетина македонски народни и изворни песни.

Please follow and like us:
Pin Share