Димитрија Кулевски Кулето, изминатата година на музички план ја заокружува и оквалификува како мошне успешна година со бројни настапи и веселби. Како што вели и покрај потребата за одење надвор од нашата земја, сепак тој останал тука со оглед на преголемите работни ангажмани.
-Реализиравме десет видео записи, планираме уште два да ги спроведеме, веќе сме во контакт околу тоа. благодарност до вас како екипа бидејќи секогаш ни излегувате во пресрет за соработка, истакнува Димитрија.
Како што истакнува Димитрија, на повидок веќе го има новиот албум како и снимање на два видео записи за две негови нови песни. Димитрија не ја исклучува можноста за работен ангажман и надвор од нашата земја во текот на оваа година.
Димитрија претежно своите настапи ги бележи во заедничка соработка со групата “Чебрен”.