“Везир оро” е насловот на првото заедничко дело на прилепчаните Мартин Стојаноски и Христијан Стојчески. Тие орото го промовираа на Новогодишното шоу кое што го организираше ИН Продукција, а се надеваат дека истото ќе им се допадне на гледачите.
Прилепчаните Мартин Стојаноски и Христијан Стојчески го промовираа нивното прво заедничко дело кое е насловено “Везир оро”. Тие се надеваат дека орото ќе им се допадне на гледачите и дека ќе уживаат во него.
–Промовиравме едно наше заедничко оро со Мартин, “Везир оро”. За првпат наше оро, се надеваме дека гледачите ќе уживаат па да видиме дали ќе им се допадне.-истакна Кико, за гледачите на ИН ТВ.
-Се надевам дека публиката позитивно ќе го прифати. Нас ни е чест и задоволство што првпат тука промотивно го најавивме ова оро и се претставивме со него на Новогодишното шоу од ИН ТВ. Мислам дека ќе има позитивни коментари, се надевам.-вели Мартин, кој важи за еден од најдобрите машки вокали и музичари во земјава.
За Мартин и неговиот бенд и годинава започна со бројни ангажмани, па нивните обожаватели периодов можат да уживаат повторно во нивните настапи кои најчесто ги имаат низ локалите во Прилепскиот регион, а не изостануваат ниту ангажманите на семејните прослави.
Во продолжение погледнете го нивниот настап и уживајте во нивното инструментално дело !