
Заокружија успешна работна година на музчки план, а исто така и ја отпочнаа оваа 2019 година.
Членовите од групата “Бумбари” покрај бројните настапи кои ги имаа изминатата година претежно во Охрид, и во оваа година влегоа со настап, повторно во Охрид. Со еден збор може да се каже дека се чести гости на охридската ривиера и покрај тоа што доаѓаат од истокот на Македонија, поточно од Штип. За плановите и реализациите во оваа година тие најавуваат многу работа но и нови песни.
-Мислам дека ќе издадеме неколку песни, сме веќе во план за тоа, секако и видео записи. Има некоја турнеја надвор од Македонија, поточно во Австралија, но сеуште сме во преговори, истакнува Тони, од “Бумбари” бенд.
Во рамките на новогодишниот проект со ИН продукција “Бумбари” бенд промовираа и нивна нова песна, за која општо се надеваат дека таа ќе биде добро прифатена.
-Имаше нови песни, две. Сега има најнова за снимањето на новогодишната на ИН, промотивно за прв пат ќе биде емитувана,додава Тони.
Од пред извесен период во рамките на оваа група делува и младата вокалистка Ивана, кој одлично се вклопува со гласовните способности во овој бенд, при што нивната популарност можеме да кажеме дека дополнително е зголемена.