Уште две нови инструментални ора подготвува познатиот виртуоз на хармоника, Александар Ицов. За истите најавува и видео записи во соработка со ИН Продукција.

Познатиот хармоникаш, Александар Ицов периодов работи со полна пареа. Тој веќе подготвува нови музички дела за кои се надева дека ќе бидат добро прифатени од јавноста.
-Подготвувам две нови инструментални ора, кадешто ќе бидат застапени народните инструменти заедно со хармоника.-истакна Александар при интервју за ИН ТВ.

Ицов за новите инструментални дела најавува и снимање видео записи во соработка со ИН продукција.
-Ќе сработиме најмалку два спотови со ИН Продукција, така да се надевам на успешна соработка.-додава тој
Александар во минатата година оствари многубројни настапи, но промовираше и две инструментални ора заедно со видео записи.
Инаку, Ицов е познат и по одличната соработка која што ја има со бројни музички имиња од македонската сцена.
