Израелските медиуми откриja дека кралицата на поп музиката Мадона (60) ќе пее на „Евросонг“.
„Мадона начелно ја прифати понудата за настап на „Евросонг“, но сè уште не е договорено колкав ќе биде нејзиниот хонорар“, пишува порталот Ynet.
Израелците, според пишувањето на странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл и контактираат со познати музички имиња како Елтон Џон и „Колдплеј“. Организаторите на „Евросонг“ се уште не ги откриваат изненадувањата до самиот почеток на шоуто.