“Фантастик бенд” во најава на нов проект

Please follow and like us:
Pin Share

По нивниот неодамнешен проект кој го изработија при крајот на минатата година, момците од “Фантастик бенд” веќе најавуваат нов проект.

Помеѓу другото тие годината ја заокружија и со своја авторска песна, која во неколку наврати ја промовираа и низ новогодишната емисија на ИН телевизија.

-Во 2019 се надеваме на уште еден нов проект, како и нова песна. Целокупно ние сме една целина , шест души и треба да одлучиме каков стил би била песната. Се надевам дека тоа ќе биде свадбарска или печалбарска песна, битно “Дари ми љубов”, се одлучивме сите да ја снимаме а инаку текстот го работеше наш колега од Гостивар, Драган Матески. Музиката ја изработи Душко Наумоски, наш колега и аранжманот Јован Василески од Тетово, велат од “Фантастик бенд”.

Нивните очекувања пред се , се како новата песна така и проектот да бидат добро прифатени од нивната публика. Нешто што би претставувало поголем поттик за тие и понатака да продолжат да творат добра македонска песна. Минатата година ја заоркужија максимално работно со голем број свирки на многу сбадби и свечености.

Please follow and like us:
Pin Share