“Ангелово оро” ново дело од “Лајв бенд” Скопје

Please follow and like us:
Pin Share

Во рмките на снимањто на нивното лајв новогодишно шоу заедно со ИН продукција, момците од “Лајв бенд” Скопје, промовираа и две нови авторски песни, но и едно свое оро. Станува збор за ивно прво оро кое е насловено како “Ангелово оро”.

-Ова оро е авторско дело на нашиот колега Роберт Ангеловски. Се надевам дека ќе биде добро прифатено и дека ќе им се допадне на слушателите, велат од “Лајв бенд”.

Инаку постојаните работни обврски течат и понатака за момците од “Лајв бенд”, при што најавуваат новитет но засега не го откриваат што тоно ќе биде.

-Лајв бенд Скопје , би биоло неблагодарно од сега да го најавиме стилот на песната, нека остане тајна. Не застануваме тука, како ова новогодишно шоу така спремаме уште една наша авторска песна. Која за краток преиод ќе имаат можност гледачите и слушателите да ја чујат и да ја видат. Ќе биде со спот и здравје Боже овојпат ќе биде во соработка со ИН продукција, додаваат од бендот.

Како што додаваат од бендот периодов се фокусирани на работа.

Please follow and like us:
Pin Share