
Две неспојливи професии но младиот саксафонист Дејан Грујевски на мошне умешен начин успева да ги соедини, својата професија дипломиран политиколог и преголемата љубов кон саксафонот. Музиката како што вели и самиот ја негува веќе дваесет години од својата најрана возраст.
-По професија сум дипломиран политиколог. Оваа година магистрирам, така да многу убаво е чувството кога ќе се постигне нешто и во некоја друга бранша. Многу убаво се пронаоѓам и во политиката како наука. Давам се од себе, се трудам максимално, верувам дека еден ден и покрај музиката ќе успеам и на тоа поле, вели Дејан.
Дејан не ја исклучува можноста да стане и политичар и покрај големата љубов кон музиката.
-Можеби, не се знае никогаш тоа. Политиката е широк поим, друго е кога за нешто си стручен. Тоа е мојата професија, струка така да можам да покажам многу знаења и квалитет во било која институција. Сепак се ќе си дојде на свое место. Инаку музиката е мојот свет и секогаш ќе остане така, додава Дејан.
Неодамна при крајот на минатата година Дејан снимаше видео запис за неговото ново инструментално дело на сакасафон “Модерна фантазија”.