Анастасија, ќерката на македонскиот пејач Наум Петрески, и нејзиниот свршеник, пејачот Владимир Поповски, се венчаа вчера во Скопје.
Освен младенците, во матично со нив беа само неколку сведоци кои први објавија слики од венчавката и кои открија дека Анастасија на своето презиме го додала презимето на Владимир.
Двојката, која го чека своето прво дете во март, наскоро ќе прави и свадба.
„Немаме закажано датум, но нашата свадба нема да биде класична. Поканите ќе бидат само за најблиските, тоа ќе биде приватна забава. Најслаткото допрва следува“, откри неодамна за „Репортер“ Владимир, кој е пејач на групата „Биоритам“.
Владимир и Анастасија се свршија на почетокот на минатата година, додека беа на зимување во Банско, Бугарија. Тие неодамна на социјалните мрежи се пофалија дека прославиле една година од свршувачката.