
Јелена Карлеуша направи вистински спектакл за Нова Година во еден Белградски хотел.
На сцената ѝсе придружи и ќерката Атина, која за публиката приреди големо изненадување.
Таа изведе кореографија на песната на Ана Николиќ „Ромале Ромали“, која нејзината мајка ја пееше.
Кога заврши со кореографијата, Атина отиде на масата каде што седеше семејството Тошиќ-Карлеуша, а потоа сопругот на пејачката набрзо децата ги однесе во хотелска соба на спиење.