Бритни Спирс се повлекува од сцената за да се посвети на болниот татко

Please follow and like us:
Pin Share

Популарната американска пејачка Бритни Спирс најави дека ќе ја паузира музичката кариера на неодредено време, за да може да му се посвети на нејзиниот болен татко. Веста беше потврдена најпрво од нејзиниот агент, а потоа и од самата Бритни.

Џејми Спирс, таткото на пејачката, помина 28 дена во болница откако неочекувано му пукна слепото црево пред два месеци.

Поради неговото излегување од болница, Бритни Спирс се повлече од турнејата „Domination“ во Лас Вегас, со објаснување дека навистина ѝ е многу жал што го пропушта шоуто и притоа им се извини на нејзините фанови поради отсуството.

Според американските медиуми, нејзиниот татко во моментов ја добива најдобрата можна нега и се очекува наскоро целосно да се опорави, но дотогаш Бритни реши да се посвети на неговото здравје.

Please follow and like us:
Pin Share