Инструментал бенд го претставија видео записот за нивната нова авторска песна “Чекор по Чекор”. Песната е во свинг стил, а е наменета за Новогодишните и Божикни празници. Од бендот се надеваат дека песната ќе биде одлично прифатена од јавноста.

Во пресрет на Новогодишните и Божикни празници, момците од Инструментал бенд, ја промовираа нивната најнова авторска песна “Чекор по Чекор”, заедно со видео запис.
-Дами и господа… Во пресрет на Новата година и Божик, премиерно ви ја претставуваме нашата нова авторска песна насловена ” Чекор по чекор ”. Стилски нешто различно од досегашните песни. Се надеваме ќе ви се допадне.-напиша Жарко Стојкоски, вокал на бендот, на неговиот фејбук профил.

Како автор на песната се потпишува Костадин Котевски, додека аранжманот е на Александар Коте Котевски. За видеото и песната, момците добија бројни честитки и пофални зборови на социјалните мрежи, а песната веќе стана хит на радиостаниците низ Македонија.
Инструментал Бенд продолжуваат непрекинато со настапи низ цела Македонија. Од 27-ми декември до 1-ви јануари, момците ќе ги забавуваат гостите во хотелот Лаки во Охрид, а ветуваат одлична и незаборавна забава.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во новата песна од Интрументал бенд, “Чекор по Чекор” !
