“Око мое” од Стојне Николова ќе добие спот

Please follow and like us:
Pin Share

Песната која ја отпеа на годинешното издание на “Роса фест” , младата и перспективна фолкерка Стојне Николова, “Око мое” ја предочува во видео запис. Спотот се снимаше во реномираниот угостителски објект во Скопје , Воденица –Мулино. Во него покрај Стојне се јавува и познатиот музичар Јане Рафајловски како и дел статисти од фолклорен ансамбл.

-Денес го снимавме спотот за мојот најнов видео запис за песната “Око мое”, со која што настапив на “Роса фест”, а еве и специјално да се направи еден видео запис. Музика и аранжман на песната се од  Бобан Мојсовски, а текстот е на Огнен Неделковски. Се снимаше во преубав , етно амбиент. Голема благодарност и до статистите, едни прекрасни убави млади девојки и момци од ансамбл “Студио Фолклор”. Голема благодарност до нив и се надевам дека ќе им се допадне на гледачите спотот, истакнува Стојне.

Песната “Око мое” Стојне ја отпеа во живот н “Роса фест”, но и покрај тоа што сеуште фестивалот не е емитуван, Стојне на сите свои свирки ја промовира песната, при што додава дека е многу добро прифатена од публиката па затоа се одлучила да сними спот.

-Песната веќе ја пеам на мои настапи и луѓето почнаа веќе да ја бараат. Така да многу ми е драго поради тоа, вели Стојне.

Спотот се снимаше во соработка со ИН продукција а се очекува негова промоција за многу брзо време.

Please follow and like us:
Pin Share