“Лична Фатимо” е првата преработка на Борче Бегоски

Please follow and like us:
Pin Share

Борче Бегоски направи преработка на песната “Лична Фатимо”. Станува збор за стара изворна песна, која потекнува од Дебарскиот регион.

Младиот и талентиран Борче Бегоски во студиото на ИН Продукција ја претстави неговата прва преработка на старата изворна песна “Лична Фатимо”. Како што изјави тој при интервјуто, песната не е многу позната на јавноста, а истата потекнува од Дебарскиот крај.

-Се работи за Фатима и Мехмед, тие се од Дебарскиот регион и мене едноставно ми се допадна песната, затоа што е изворна со традиционалните инструменти зурла, тапан и решив да ја снимам. Не е многу позната песна.-вели Борче при интервјуто за ИН ТВ.

Борче открива дека снимањето на песната доаѓа сосема спонтано, а иницијатор бил познатиот радио водител од Австралија, Драган Ковачески. “Лична Фатимо” е снимена во студиото на Славко, Про Саунд.

-Очекувам со еден чекор да одам напред. Ги сакам тие песни, ги сакам народните песни од тој крај и очекувам дека ќе им се допадне на гледачите.-додава младиот пејач.

Тој вели дека и понатаму ќе продолжи да ја негува македонста изворна песна, а за следниот период најавува и авторска песна.

Please follow and like us:
Pin Share