“Роса Фест” по 19-ти пат годинава пласираше нови 17 фолк композиции

Please follow and like us:
Pin Share

Изминатиов викенд помина во знакот на 19-то издание на музичкиот фестивал фолк фест “Роса”.

Имено на едно место се собра познатата фолк елита од македонската музичка сцена, каде се отпеаја  бројни рефрени. На сцената во Македонската опера и балет со свои песни се претставија, Анета-Молика, Наум Петрески, Зуица Лазова, Благица  Павловска, Сузана Гавазова, Душко Георгиевски, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Анета Наковска, групата Соната и уште многу други фолк имиња. Сите со свои особености и специфики дадоа свој допринос во збогатување на македонкста музичка ризиница. ИН продукција не би била ИН доколку не беше директно во главното збиднување на ова фестивалско издание. Зад сцената дел од фолк елитата го кажаа своето мислење од настапот и отпеаната песна.

-Песната се вика “Песно моја”, една убава и брза, динамична песна која ќе ги развесели срцата на секој од нашата публика, истакна Анета Мицевска .

-Се надевам дека убаво помина настапот. Публиката треба да каже. Мислам дека е убава песната, убава тематика. “Јас со тајфа идам” се вика песната. Се надевам дека ќе и се допадне на публиката, истакна Миле Кузмановски  по неговиот настап.

-Задоволна сум од мојот настап. Се надевам дека ќе им се допадне на гледачите а јас сум сигурна дека имам преубава песна. Музика и аранжман на Бобан Мосјоски, а текстот на Огенен Неделковски, една убава малку побрза песна, која има некои елементи како етно стил, истакна Стојне Николова  за ИН.

-“Песната” така се вика песната. Се пее за народот македонски кој што со песна му е и лекот и лелекот и доброто и лошото кај нас поминува со песна, така што баш така е и песната. Дело е на Филип Нуневски музика, аранжман на Љупчо Соколовски и текстот на мојата драга пријателка Соња Дојчиноска, истакна Зуица Лазова.

-Посебно ми е драго што бев дел од овогодинешното издание на “Роса Фест”. Да се пофалам, значи една од ретките песни која што и мене многу ми се допаѓа. Не дека некои порано што сум ги отпеал не биле добри ,но ова е нешто навистина посебно. За тоа сакам да се заблагодарам на Мијалче Стојанов, автор на текстот и музиката. Преубава песна , Роса фестивалот заслужува нешто вакво, бидејќи 25 години веќе ни го збогатува нашиот етер со само чисто македонски песни, додаде Душко Ѓеоргиевски, притоа истакнувајќи дека насловот на песната е “Заедно да бидеме”.

-Добро е што се случуваат вакви работи, да има нешто македонската естрада со што би се гордеела. Мислам дека извадивме сите 17 композиции , па народот ќе си одбери што си сака. Јас како последен го затворив овој циклус на нови песни. Мислам дека е убава промоцијата на свежи композиции да има нешто да се случува пред Нова година, истакна легендата на македонскта народна песна, Наум Петрсеки.

Што се однесува пак до организаторот, односно главниот виновник за долгогодишното опстојување на “Роса Фест” Милош Дејановиќ, директор на Рора продукција, посебно се гордни на јубилејот од 25 години постоење на радиото како и 19то издание на овој фестивал на кој во последниве години и тоа како исфрла бројни хитовски рефрени.

-Пресреќен сум што успеавме ова јубилејно издание да го изведеме во ннајдобар ред. Секогаш може подобро , меѓутоа како што покажа и самата публика со многу воодушевување, како што и самите гости вечерва се добро расположени, верувам дека успеавме да направиме една доста квалитетна јубилејна прослава, истакна Дејановиќ.

Тимот од ИН продукција им посакува уште бројни години плодна работа особено во музичкиот дел, како и уште поголеми јубилеи понатака.

Please follow and like us:
Pin Share