
Свадбарски сплет, познати македонски и српски хитови се дел од најновиот проект на Адрналин бенд. Овој пат момците одлучија проектот да го снимаат во Охрид, поточно во хотелот Престол, а во соработка со ИН Продукција.
Песни за сечиј вкус во најновиот проект од Адреналин бенд. Проектот се состои од различен вид на музика, свадбарски сплет, македонски забавни песни, како и неколку познати српски хитови кои се најбарани на нивните свирки.
-Песните од проектот не се нешто непознато за гледачите. Се состои од познати песни и сплетови македонски, свадбарски, опфатен е и забавниот дел и посебни песни, но и сплетови забавни за помладата популација.-истакна Филип Василевски, вокал на бендот.
Од бендот потенцираат дека сите песни се отпеани и отсвирени во живо, додавајќи дека проектот го подготвувале скоро месец дена.
-Како и сите наши колеги, очекувањата од секој проект или песна нормално очекуваме да биде добро прифатен од страна на публиката.-додава тој.
Инаку, Адреналин бенд зад себе имаат уште неколку проекти, како и две авторски песни, прекрасната балада “После Тебе” и песната “Летна шема”.