
Фолк пејачката Тања Јовановска му посвети песна на сопругот Младен, а поводот е 13 годишнината од нивниот брак. Еве како гласеше нејзината честитка.
“Ти ја дадов душата, ти го дадов срцето!Ти дадов се што е мое на ДОЖИВОТНО чување само тебе! Но сепак фалеше нешто…и се сетив дека само тебе ти немам отпеано песна. Оваа песна ти ја поклонувам само тебе и длабоко во себе верувам дека ќе живее и после нас и ќе биде сведок на нашата љубов.Те сакам ,Среќна ни 13 годишнина од брак животе мој.”
Песната е дело на Мите Стоилков, а текстот го напиша Тања, заедно со нејзиниот колега Александар Стеваноски.
Во продолжение слушнете ја песната која Тања ја посвети на Младен !