
Летниот период помина доста работно и за Профа бенд. Теодора и Горан велат дека и покрај бројните ангажмани, имале и малку време за одмор.
Профа бенд се доста барани на семејните прослави. Теодора Велкоска, вокал на бендот при интервјуто за ИН ТВ истакна дека се презадоволни од ангажманите кои ги имаа во летниот период, додавајќи дека сепак имале време и за одмор.
-Работно, морам да кажам дека работно помина летниот период. Повеќе бевме зафатени со свадбени веселби и семејни прослави, меѓутоа беше навистина работно. Имавме време и за одмор малку да искористиме.-вели Теодора.
Покрај настапите во повеќе региони низ земјава, тие откриваат дека имале и неколку свадбени веселби кај нашите македонци во Албанија.
-Најчесто бевме во Кичевскиот регион, истотака и во Дебарскиот. Имавме и неколку свадби во Албанија во Тирана кај нашите македонци таму и бевме навистина прекрасно пречекани, супер си поминавме.-додава пејачката.
Тие на една свадба во Тирана биле придружувани и од легендарниот Ферус Мустафов. Кога станува збор за настапите надвор од Македонија, од Профа бенд велат дека во моментов се во преговори за кратка турнеја во Германија.