
Годинава го снимија и можат да се пофалат дека добро котира и е баран нивниот спот “Гурбет” во кој самите тие, момците од групата “Тандеми” се јавуваат како глумци. Сме задоволни од публиката но и од вртењето на спотот,вели Горан вокал од групата “Тандеми”.
-Секако таа е печалбарска песна. На свадби не секогаш и е местото , бидејќи ние кога свириме, не може секогаш да се свири, но кога ќе ја побараат ја свириме. Инаку сме задоволни , додава Горан.

Во моментов Тандемци се посебно насочени со своја максимална работа кон нивната престојна австралиска турнеја заедно со младата Оивера Василевска. Потоа најавуваат дека ќе го издадат своето второ ЦД, за кој веќе го имаат материјалот.