Охридската староградска песна “Ја, излези стара мајко на пенџере”е испеана во куќата на Влатко Плевнеш

Please follow and like us:
Pin Share

Сигурно дека малкумина знаат дека од куќата на Влатко и Силви Плевнеш во Охрид е испеана староградската охридска песна “Ја, излези стара мајко на пенџере”.

Ова ни го откри Силви при нивното гостување во ИН продукција, при што истакна дека знаат само блиските пријатели и најавија снимање на оваа песна во еден понов аранжман.

-Местополжбата на куќата во Охрид,која се наоѓа на улицата “Цар Самоил” , токму во таа куќа, поточно од прозорот на нашата спална е испеана композицијата “ Ја, излези стара мајко на пенџере”. Сметам и јавно го предизвикувам Влатко јавно да направи една преработка и на оваа композиција, а бидејќи и куќата е автентична и е во така прилично стара состојба, мислам дека би можел да се направи еден навистина многу убав спот, на истата песна, вели Силви.

-Во главата веќе неколку години ми стои таа композиција, исто како “1762-ро лето”, така да ќе се случи во секој случај. Поготово што ја имам слушнато приказната и од бабами и од дедо ми, како и од таткоми, каде што седела старата македонка но и целата љубов, додава Влатко.

Притоа како особен долг кој го чувствува Влатко кон својот град Охрид, го прифаќа предизвикот за доведување на оваа мелозвучна охридска песна, во ново руво и нов аранжман кој би звучел беспрекорно во изведба на “Силви бенд”.

Please follow and like us:
Pin Share