Аријана Гранде ја раскина свршувачката

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Аријана Гранде и комичарот Пит Дејвидсон потврдиле дека ја раскинале веридбата бидејќи не било вистинско време за нивната врска.

Парот во јуни оваа година објави дека се верил, а Пит во таа прилика ѝ подарил прстен на Аријана, вреден 100 илјади долари. Обожавателите на познатата пејачка не останале шокирани поради ваквата информација бидејќи тие сметаат дека се се случило многу брзо помеѓу нив двајца.

Аријана и Пит ја започнаа својата врска пред пет месеци, а се верија само еден месец подоцна. Во текот на кратката врска, тие си посветиле неколку тетоважи еден на друг, а посвоиле и прасенце како домашно милениче.

Гранде пред Пит беше во врска со раперот Мек Милер кој неодамна почина како последица од предозираност.

Please follow and like us:
Pin Share