Џеват, Наум, Зуица, Тота на турнеја во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

По минатогодишната австралиска турнеја која ја имаше охридската група Чардак, оваа година еден од членовите на групата, поточно виолинистот Џеват Рамаданоски повторно ќе отпатува на кратка австралиска

турнеја. Тој ќе биде заедно со легендата на македонската народна песна Наум Петрески, Зуица Лазова, Илија Тотовски Тота, како и дел од екипата на ИН продукција. Очекувањата, како што истакнува Џеват овојпат се поголеми, со оглед на тоа што веќе има стекнати пријателства од претходната турнеја и знае што точно е барано во оваа далечна земја.

-Одиме во покана на Социјалното македонско друштво Св. Наум од Мелбурн. Да го поздравам претседателот на друштвото Васко Ангелоски. Годинава одиме Наум Петрески, Зуица Лазова, Илија Тотовски Тота и јас на виолина  со оркестар што ќе не придружува таму оркестарот “Легато”, за Мелбурн и Сиднеј и околните градови и Ване ќе дојде со нас. Ќе бидеме целосно опфатени и аудио и видео, истакнува Џеват.

Очекувањата од оваа втора турнеја на Џеват во Австралија се големи.

-Лани кога отидовме не ни беше ништо познато, не знаевме каде одиме, имавме контакти но сега точно знам. Се родија нови пријателства , старите се обновија , фамилијарно имам и блиска фамилија, кои ме очекуваат. Имаме контакти со старите но и нови пријатели . Очекувањата се навистина големи, затоа што филмот е направен  и точно знам што и како треба, додава Џеват.

Предвидената турнеја на овие музичари ќе трае околу месец и половина.

 

Please follow and like us:
Pin Share