“Шошана” песна која е препеана на голем број јазици

Please follow and like us:
Pin Share

“Ерев Шел Шошаним”, е оригиналното име на старата и многу позната еврејска песна, која е препеана на повеќе јазици  и од повеќе групи.

Во превод , насловот на песната значи “Вечер на рози” , хебрејскиот збор е идентификуван со цвеќе , но и со женско име, нешто што е својствено во голем број испеани песни.

Авторот на музиката е Џозеф Хадар , текстот е дело на Маше Дор. Снимена е во далечната 1957 година од страна на познатиот еврејски пејач Јафани Јаргони. Една година подоцна доаѓа верзијата на Дудаим кој стана хит во Израел , а со тек на времето е една од најпрепознатливите еврејски песни во светот.

Убавината на текстот и библиските рефернци ја прават песната дел од културниот и религиозниот живот на Евреите и не само тоа, текстот е вклучен во време на молитвите на Шабат , а исто така и како псалм во лутеранската молитвена книга од северна Европа.

Финската свршеница Јуани Фросберг ја користи мелодијата што ја гледа како израелски фолклор, која станува химна на евангелистичката лутеранска црква во Финска.

Песната станува дел од еврејските свдаби, прославување на прослави низ Средниот Исток. Таа воедно го опфаќа периодот од 1960 до 1970 година од разни еврејски и светски уметници а преведена е и на еврејски јазик.

Ова е првата оригинална изведба на оваа песна, снимена во далечната 1955 година.

При неодамнешното гостување во ИН продукција песната беше отпеана од младите членови на бендот Да Капо.

Please follow and like us:
Pin Share