Одамна недостасуваше ваква вечер во Македонија, смета маестро Милан Завков

Please follow and like us:
Pin Share

Дел од годинешната прва Балканска инструментална вечер беше и незаменливиот маестро на хармоника во нашата земја Милан Завков. Неговата оценка за ваквиот настан е најпозитивна како и констатацијата дека во голема мера недостасуваат вакви настани од музички карактер во нашата земја.

-Посебно ми е драго што оваа Балканска вечер на инструменталисти, музичари, маестра се одржува во Македонија. Можам да кажам се скрши мразот а за тоа најголем виновник и му благодарам на мојот колега виртуоот Сашко Велков, за оваа цела организација и за се што се случи вечерва. Вечерва направивме една многу убава вечер, имавме навистина голема посета, што посебно ме изненади тоа. имаше и гости кои ја сакаат музиката а повеќето беа наши колеги, музичари кои посебно ми беше драго што ете така не наградија со еден убав аплауз и не почестија со нивната посета, истакнува маестро Завков.

Помеѓу другото маестро Завков стави акцент на тоа дека ваквите вечери се од исклучително големо значење со оглед на тоа што на едно место се собира најдобрата музичка елита но и заедничкото дружење и контакт кој се остварува при ваквите средби.

Маестро Завков исто така со пофални зборови и за големите музички имиња од соседна Бугарија, кои оставија голем впечаток пред присутните.

Please follow and like us:
Pin Share