Првата Балканска вечер која се реализираше деновиве во Кочани наиде на лавина позитивни коментари како од публиката која беше присутна на настанот така и од музичките имиња и колеги кои беа лично дел од неа. Огромно задоволство и позитивна критика изнесе и познатата фолк пејачка Тања Јовановска која го проследи настанот.
-Преубаво, прекрасно. Прв пат се случува вакво нешто кај нас и едноставно морав да бидам дел од тоа, да слушнам и да видам со свои очи. Навистина е преубава и прекрасна вечер. Би рекла дека е малку поинакво нешто од она што ние го интерпретираме на нашите свирки. И инструментите и самиот тип на изведување е сосема поинакво, истакнува Тања.

Голема воодушевеност од целиот настан изрази и познатиот реномиран музичар Бобан Мојсоски кој со големо внимание го следеше настанот на големите виртуозни имиња кои се појавија на сцената.
-Искрено да кажам добри саат време одев и лајф прку фејсбук. Си коментираме со колегите , кога бевме малечки учевме од овие наши пријатели од Бугарија, големи музичари и сега кога ги слушаме вака во живо, не ни се верува дека тоа е тоа, вистинското. Дека сме толку близу до нив, дека ги слушаме и дека се сликаме со нив. Јас со сите тие музичари се знам од многу поодамна. Имав и прилика да бидам на една вечера во Сандански во 2009 година , пред десет години. Една вечер после “Пирин фолк” после настапот, Сузана Гавазова пееше моја песна, таа вечер се натпреваруваше ќерка на денешниот гостин виолинистот Ѓорѓи Јанев и после настапите се сретнавме воо фоајето на хотелот, отидовме заедно на вечера и разговаравме долго. Имаше идеја од страна на господинот Јанев да направам песна заедно со Сузана Гавазова и неговата ќерка но испадна спонатно но не се исполни таа идеја, истакнува Бобан.

Свои позитивни впечатоци од целата инструментална вечер изнесе и популарниот Цаки од групата “Кисми”, кој истакна дека од посебно значење е реализирањето на оваа вечер.
-Ми се наполни душава со музика, многу се чувствувам среќен и прекрасна вечер. Мислам дека ова е вистинска музичка вечер за нас музичарите да уживаме во музиката, а не натпревар на пејачи или како да кажам. Ова е права музичка вечер каде што можеме да уживаме и да ги слушаме мајсторите на својот занает, истакна Цаки.

Прекрасна вечер во која музиката го има приматот, се зборовите на добро познатиот Дејан Николоски Чуле, член од групата “Дрим тим” во која заедно другаруваат со маестро Сашко Велков.
-Атмосферата е прекрасна, верувајте дека вистинско задоволство е да се ужива во еден ваков перформанс и вакви мајстори на својот занает. Уште би рекол , почнувајќи од маестро Милан Завков, нашиот Сашко Велков, Давид Велков кој што допрва ќе се докажува. Нашите гости од Бугарија кои се виртуози, мајстори. Еве еден апел со дите наши колеги да се ангажираме сите и да имаме почесто вакви мигови и вечери.Ние уметниците сме желни за едни вакви перформанси, пред се дружбата, да се видиме, поприкажеме и да уживаме во сето она што ни го приредуваат едни од ваквите мајстори на својот занает, истакнува Дејан.

Како заедничка констатација може да се каже дека повеќе од очигледно е дека треба почесто да се случуваат вакви настани во нашата земја, каде на едно место ќе се обединат музиката и музичарите за да се даде уште поголем квалитет во работата која ја создаваат и творат.
