Дамјан со полна работна агенда на настапи

Please follow and like us:
Pin Share

Веднаш по неговото враќање од големата австралиска турнеја заедно со своите роднини Влатко и Златко Миладиноски, музичката работна агенда  на Дамјан Стојаноски е веќе преполна. Како што истакнува и самиот се враќаат пред големиот христијански празник Велигден и веднаш веќе е резервиран со своите музички настапи.

-Ќе се вртиме точно пред Велигден и потоа од Велигден понатаму почнуваат приватните веселби, свадбите како и другите настапи кој што ги имаме овде, вели Дамјан.

Дамјан посебно стана препознатлив на музичката сцена со големиот хит “Тешко мина докторе” кој е неизбежен при ниедна свеченост во Македонија. На прашањето дали ќе има уште еден ваков хит, Дамјан одговара:

-Тоа само Господ знае која песна ќе биде хит. Наше е да работиме и да правиме песни, па дали ќе биде хит, ќе покаже времето, вели Дамјан.

Во периодов Дамјан се подготвува за престојната голема австралиска турнеја каде при гостувањето во ИН продукција најави и снимање на нови песни со кои ќе се претстави пред македонската дијаспра во оваа далечна земја.

Please follow and like us:
Pin Share