Авторот на песната “Стојнето” презадоволен од финалниот производ

Please follow and like us:
Pin Share

Можеби сеуште не е познат како текстописец на македонската песна, но Драган Матески се повеќе продира во песната на голем број пејачи и остава трага. Тој помеѓу другото е дел и од гостиварската група “Фаворити” каде и за својот бенд  ја има напишано песната за родниот град “Гостивар”.

-Инспирацијата не треба да ја бараме многу далеку, таа е најчесто во нас и ако се свртиме во себе и побараме некое доживување лесно ќе пронајдеме зборови. Битно е тие зборови да бидат лаконски. Еден збор да опфати една мисла, една фраза. Тогаш е најубаво за народот и што повеќе се доближени до дијалектот кој се користи во народот толку е поубаво, вели Драган.

Помеѓу другото Драган се јавува и како автор на новата песна од “Стил бенд”, “Стојнето”  за која неодамна снимија и видео запис со ИН продукција. Тој открива како дошол до идеја да ја напише таа песна.

-Песната ја имав и за нас како предлог стоеше, почнавме нешто со неа и остана недоработена, се додека не се појави предлог од колегата Златко Миладиноски, кој што е автор на музиката и аранжманот , дека има едни дечки ја побараа песната  од струшкиот регион. Дуле Ѓероски е момчето од бендот, нив многу им се допадна и беа благодарни, а и ние сме презадоволни затоа што сепак крајниот резултат кога му се допаѓа на изведувачот, за нас е врвен погодок, истакнува Драган.

Неодамна “Фаворити бенд” од Гостивар снимија нов видео проект со одбрани македонски песни во соработка со ИН продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share