Веднаш по неговото враќање од големата австралиска турнеја заедно со своите роднини Влатко и Златко Миладиноски, музичката работна агенда на Дамјан Стојаноски е веќе преполна. Како што истакнува и самиот се враќаат пред големиот христијански празник Велигден и веднаш веќе е резервиран со своите музички настапи.
-Ќе се вртиме точно пред Велигден и потоа од Велигден понатаму почнуваат приватните веселби, свадбите како и другите настапи кој што ги имаме овде, вели Дамјан.
Дамјан посебно стана препознатлив на музичката сцена со големиот хит “Тешко мина докторе” кој е неизбежен при ниедна свеченост во Македонија. На прашањето дали ќе има уште еден ваков хит, Дамјан одговара:
-Тоа само Господ знае која песна ќе биде хит. Наше е да работиме и да правиме песни, па дали ќе биде хит, ќе покаже времето, вели Дамјан.
Во периодов Дамјан се подготвува за престојната голема австралиска турнеја каде при гостувањето во ИН продукција најави и снимање на нови песни со кои ќе се претстави пред македонската дијаспра во оваа далечна земја.
