Отворен е буквално за секаква музичка соработка, мега популарниот Марјан Коцев постојано се појавува во бројни музички проекти со повеќе бендови. Неодамна Марјан беше специјалн гостин во јубилејниот проект за одбележувањето на 25 години на музиката сцена на “Бумбари бенд”. Претходно соработуваше со бројни песни и со “Дрим Тим”, а во периодов соработува и со “Галакси бенд”.
-Сеуште соработувам со “Дрим тим”, пред некој ден имавме една заедничка свирка, со “Галакси бенд ” имам еден мини проект. Досега се снимани две песни, треба да се снимаат уште три, па потоа ќе следуваат и други проекти, истакнува Марјан.
Она што следно го подготвува Марјан е албумот во кој ќе посвети по една песна за секој град од нашата преубава Македонија.
-Идејата првична беше моја само да ја снимам “Ако одам во Битола” и на една свадба во Штип со колегите од групата “Бекрија” , каде што после вечерата настапија со другата страна од оној оркестар што звучи како тамбурашки, кога ги слушнав како звучат се дигнав и ми дојде идејата дека може да се направи нешто со таа песна со овој оркестар. Низ разговор од една во друга тема со колегите, спомнавме да напрвиме нешто повеќе, не само да останиме со “Ако одам во Битола”, па по иницијатива на Ефтим –Гегата, одлучивме да направиме по едно издание од секој град да ја одбереме најпознатата песна, појаснува Марјан.
Во случајов како што истакнува Марјан најверојатно албумот ќе содржи две ЦД-а кои ќе бидат доволни да се отпеат сите градови и општини во нашата земја. Инаку во овој период Марјан е посебно посветен на својата голема мисија, 25 години музичка кариера и 25 концерти кои полека ги реализира.
