Неодамна во рамките на нивното гостување во ИН продукција битолскиот оркестар “Фаворити” покрај тоа што ја промовираанивната нова песна , насловена “Еднаш се љубело”, најавија и снимање на нов музички проект.
-Имаме неколку проекти. Првиот проект беше со ИН тв, имаме уште еден исто така успешен проект со ИН, со народни препеани песни, некои хитови од македонската ризница, што ги препознаваат сите, ги обожаваат, се надевам дека ќе бидат успешни како и останатите проекти што ги имаме снимено, вели Јове член на оркестарот.
Оркестар “Фаворити” веќе се и со најава за снимање на видео запис за нивната нова песна “Малечка”
-Имаме два албуми. Имаме снимено еден спот со Лидија Спасовска. Треба за повеќе песни да се направат спотови,само треба да е нешто како што реков интересно. Се надевам нема да биде залудно чекањето за видео записи. Веќе си имаме наша замисла за неколку песни од кои посебно е една песна, додаваат од “Фаворити”.
Како што додаваат Фаворити, ќе причекаат уште малку време па да се одлучат конечно за оние песни за кои ќе снимаат видео записи, а за тоа крајната оценка ќе ја даде нивната публика и своите фанови кои ги имаат.
