Иако е премногу зафатен со ангажмани како во нашата земја, така и надвор од неа, Ѓоко Јовиќ секогаш пронаоѓа време за своите најсакани. Како што вели тој најголемата поддршка ја добива од Ивана, неговата сопруга, а таа при интервјуто за ИН ТВ открива дека животот со Ѓоко е навистина возбудлив.

“Возбудливо е да се живее со Ѓоко”. Ова го истакна Ивана сопругата на еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ. Таа при интервјуто за ИН ТВ истакна дека и покрај многубројните обврски, Ѓоко секогаш пронаоѓа време за неговото семејство.
-Возбудливо…Ѓоко е многу интересен сопруг, многу зафатен. Меѓутоа и покрај неговото ангажирање околу неговата кариера, секогаш наоѓа време за сите нас.-вели Ивана, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Ѓоко во повеќе наврати ја потенцира големата поддршка која што ја добива од неговата прекрасна сопруга, додавајќи дека неговата кариера немаше да стигне до ова ниво, доколку Ивана не беше покрај него во сите битни моменти за него.
-Секогаш велам дека тоа е така, затоа што навистина Ивана ми помага најмногу и без нејзината помош јас никогаш не би можел да стигнам до овде каде што сум. Сите мои проекти и сите мои песни и спотови не би изгледале така да не е Ивана бидејќи најголемата верба ја имам во нејзе.-раскажува Ѓоко за гледачите на ИН ТВ.

Ивана додава дека кога Ѓоко е дома, најчесто свири, а сите околу него вклучувајќи ги неговите три дечиња, пеат и се веселат. Сепак не ја исклучуваат можноста кога се слободни, да отидат некаде на прошетка и рекреација, а често се случува заедно да заминат и на шопинг.
Во продолжение уживајте во неговата најнова песна и погледнете го спотот за песната која што не би оставила никого рамнодушен !
