Пријовиќ и во шестиот месец од бременоста не мирува

Please follow and like us:
Pin Share

Александра Пријовиќ ужива во својата бременост и поради таа причина пејачката се повлече од јавната сцена.

Имено, пред одреден период таа ги откажа сите свои настапи и заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ го очекуваат своето прво дете кое треба да се роди во март.

Александра откри дека носи момче кое ќе се вика Александар. Пријовиќ долго време не се појавува во медиумите и на социјалните мрежи не објавува фотографии.

Но, ако мислите дека Пријовиќ мирува, грешите. И во својата поодмината бременост таа подготвува нов албум за своите фанови.

Александра на својот „Инстаграм“ објави фотографии со објаснување дека подготвува нешто ново.

Please follow and like us:
Pin Share