
Неговата ќерка и сопруга на Facebook објавија информација за ненадејната смрт на нивниот татко и сопруг.
– Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол и силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш, напишаа тие на Facebook.
Тажната вест ја потврдија и од дискографската куќа Aquarius Records. HRT јави дека Масимо починал синоќа во Виноградската болница во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови.
Масимо Савиќ е роден на 6-ти јуни 1962 година во Пула. Детството го помина во Истра, иако животните патишта го однеле прво во Италија, а потоа и во Австралија. Гимназијата ја заврши во Загреб, каде ја започна и својата музичка кариера.
Во 1982 година стана член на арт-рок групата Доријан Греј од Загреб и го издаде својот прв албум наречен „Сјај у тами“, а две години подоцна и албумот „За твоје очи“.