Поп-ѕвездата Ана Николиќ ги освои срцата на публиката кога првпат се појави на јавната сцена, а таа е сопственичка на најскапо платената песна на поп музиката во Србија.
Една од нејзините песни особено се издвои, а иако поминаа повеќе од 15 години од нејзината премиера, сепак сите сакаат да ја слушаат и да ја споменуваат. Станува збор за песната „Romale romali“ со која Ана се претстави на националниот избор за песна на Евровизија, Беовизија, во 2006 година.
Уште од првото слушање се знаеше дека песната ќе биде голем хит, а сега е позната и цената за која Ана ја купи од Кики Лесендриќ.
Имено, Николиќ за песната платила 30.000 евра, а со оглед на тоа дека песната и донесе голема популарност, ова беше одличен потег.
Многу нејзини колеги и денес сметаат дека е голема неправда што Ана таа година не отиде на Евровизија со оваа песна.