
Младата и атрактивна фолк пејачка Дани Даниела која во последните две години полека но сигурно се искачува на врвот на Македонската фолк сцена, оваа година доби понуда за настап за Новата година во мелбурн Австралија.Дани таму заедно ќе настапува со младиот Игор Андреевски кој на публиката и стана познат по неговата авторска песна Вечна да си Македонијо,на концертите иструмантелисти ќе бидат групата Амадеус од Мелбурн, а забавата е закажана во најлуксузниот ресторан Шелдон.
Дани своето првенче го извади пред 5 години а тоа беше песната Нула, по неа се нижеа уште песни ,баладата Си дозволив , па оваа година следеше песната Душа Боемска,а најново таа деновиве снимаше и нова песна за која видеозапис ќе се сима во Австралија.
