Ѓоко Јовиќ е презадоволен од неговите песни “Ти си моја жена” и “Ѕвезда најсветла”. Тој вели дека “Ти си моја жена” е доста барана на неговите настапи.

Ѓоко Јовиќ е еден од најпознатите пејачи во Македонија, а зад себе има бројни хитовски песни кои одлично котираат и на македонскиот, но и на српскиот пазар.
Во неодамнешно интервју за ИН ТВ тој ги сподели импресиите од големата прифатеност на песните “Ти си моја жена” и “Ѕвезда најсветла” кои се доста барани од јавноста.
-Ако ме прашувате мене, јас сум презадоволен од песните. “Ти си моја жена” многу убаво котира на тој пазар, многу ја бараат. Исто и “Ѕвезда најсветла”, иако оваа песна ја пуштив во етер баш во оној момент кога се прогласи пандемијата. Мене тоа никогаш нема да ме плаши, ни понатаму, што и да се случува мене не ме плаши. Ние кога имаме готов материјал, објавуваме, јас објавувам од срце, а не поради тоа само да има гледаност. Јас сакам песната да биде слушана и да се бара. Јас сум презадоволен од тие две песни, за “Ти си моја жена” би сакал да кажам дека е доста барана на моите настапи.-изјави Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.

Иако во нашата земја сеуште владее коронавирусот и корона кризата која доста лошо влијае врз музичарите, сепак вп овој период кој е слободен за нив бидејќи не ги одржуваат нивните настапи, Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд одлучија да подготват нов материјал.
Следен нивни план е снимање на спот за преработка на една од најпознатите македонски песни “Море сокол пиe”.
