Александар Талески за естрадниот магазин Естрада плус открива дека неговата втора љубов, после музиката е готвењето. Александар открива и за неговите следни планови и нови песни.

Освен тоа што ја сака музиката и важи за извонреден вокал кој што е добро познат на јавноста, Александар Талески е и одличен готвач. Тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ открива која храна најмногу сака да ја подготвува.
-Точно така, сакам да готвам, храната е нешто што го сакам, не е тоа само хоби туку умеам да зготвам и со љубов, како што музиката ја работам со љубов, така и готвењето. Искрено да ви кажам јас најмногу сакам да подготвувам месо, значи се што е од месо, се готвам.-изјави Талески за естрадниот магазин Естрада плус.

За оние кои што не знаат, Александар живее во Прага, Чешка каде што изминатите години водел и свој бизнис со ресторани. Како што вели токму во неговите локали одржувал и свирки каде што преовладувала македонската песна.
-Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално е Балканската музика. Значи претежно таму настапував, некои настапи имав и во Германија, приватни забави, претежно се фокусирав и работев на тие простори таму, но моментално целта ми е да се проширам малку и во Македонија, може некое време да останам, а може и да се вратам, никогаш не се знае. Планирам секако и нова песна за која што сме моментално во преговори, исто така во соработка со Флори Манев, тимот што победува не се менува. Исто и мојот драг колега Џељо Дестановски кој што не би го заменил од овој момент за никого. Така да, ќе видиме, преостанува да каже самата публика. Тие се главните кои ќе оценат каква е песната и дали ќе биде прифатена.-вели тој за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, Александар пред само неколку денови сними спот за неговата прва авторска песна која носи наслов “Прости ми Мајко”. Видеото се снимаше на повеќе локации во атрактивното село Штавица, кое се наоѓа во Прилепскиот крај, а спотот го изработува ИН Продукција.
