Денес почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац на седумдесет и шест години.

Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите постојано ги подготвуваа за најлошото.
Зад себе ги остави неутешните синови Павао (41) и Иван (39), пријатели и бројни фанови.
Според претходните наводи на РТЛ, состојбата на пејачот се искомплицирала по операцијата на срцето.
После првата операција следеле уште две, а сето тоа било премногу за да организмот на Кичо Слабинац го издржи. Затоа тој потоа бил ставен во индуцирана кома.
Кичо е роден во 1944. година во Осиек, а низ целиот регион се прослави во 1970-тите, како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу настани на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарната музика, но и на славонската народна музика.
Неговите фанови во Македонија сигурно ќе го памтат и по неговите настапи на Макфест.
