
Со 23 настапи, само во месец август, Елена Јовческа го заокружува ова лето како едно од најуспешните во нејзината музичка кариера. Но за неа нема застој, ангажманите секако продолжуваат и во есенскиот период.
И ова лето, младата Елена Јовческа е повторно една од најбараните фолк пејачки во нашата земја. Летниот период помина доста успешно за неа, а доказ за нејзината исполнета агенда се и 23-те настапи кои ги имаше само во месец август.
Како што истакна таа во неодамнешнот интервју за ИН ТВ, ангажманите продолжуваат и во месец септември.
-Ако ви кажам дека цело време само пеам, јадам, спијам и пак истото. Тоа ми се случуваше во месец август, имав 23 настапи и мислам дека овие два дена ми се слободни се одморив малку, па од наредната недела продолжувам повторно турбо. Месец септември имам веќе закажани ангажмани и тоа е.-раскажува Елена, за естрадниот магазин Естрада плус.
И покрај многубројните настапи кои ги имаше во изминатиот период, Јовческа успеа да одвои време и за краток одмор во Шпанија на почетокот на летниот период, а секако дека си зеде уште неколку слободни денови, за убаво да се одмори пред ангажманите кои и престојат оваа есен.
-Со една моја колешка бевме заедно во Шпанија, си поминавме одлично и еве користам прилика да си ја поздравам. Навистина поминавме прекрасно време, се смеевме и се забавувавме. Се разбира дека ќе одам повторно на 4 дена. Сега со моите другарки од мојот роден град Прилеп и ќе си поминам одлично со нив. 7 дена во Шпанија и 4 дена сега најверојатно во Црна Гора. Доволно се за одмор.-додава таа, при интервјуто.
Инаку, Елена беше дел и од Изборот на “Летен Фолк хит на Македонија” кој се одржа во Општина Новаци, каде што настапи со нејзиниот голем хит “Ајде Бато” и доби гласни овации и аплаузи од тамошната публика.