Потврдена пресудата против Лука Лазукиќ за претепувањето на Беквалац

Please follow and like us:
Pin Share

Високиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда со која во април Лука Лазукиќ беше осуден на условна казна од осум месеци затвор со рок на проверка од три години поради физичкиот напад на поранешната сопруга, новосадската пејачка Наташа Беквалац во април 2018 година.

Со оваа одлука отфрлени се сите жалби и пресудата е правосилна.

Условната пресуда значи дека ако Лазукиќ во рок од три години изврши ново кривично дело или ја прекрши мерката забрана за приоѓање на сопругата, ќе се активира извршување на затворската казна, велат од судот, пренесува „Танјуг“.

Лазукиќ е осуден за кривично дело семејно насилство, за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години затвор. На Беквалац, како што смета обвинителството, тој ѝ нанел лесни телесни повреди  во ноќта помеѓу 12. и 13 април 2018 година.

Лука Лазукиќ и Наташа Беквалац ја имаат ќерката Катја, која во февруари оваа година наполни една година.

Please follow and like us:
Pin Share