Тијана Дапчевиќ : „Во 2019-та сакам бебе“

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ постојано е на адреса Белград –Скопје поради своите професионални и приватни активности.

Имено, Тијана до неодамна ја играше улогата на Ула во серијата „Преспав“ , па поради својот актерски ангажман немаше многу време за одмори.

По сите завршени активности, Тијана успеа да најде слободно време и да замине на зимување заедно со нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ и синот Вук.

„Имам една желба за 2019та година. Сакам да станам мајка. Ако не наредната година тогаш во 2020. Млада сум“ изјави Дапчевиќ во интервју за еден српски портал.

Таа откри дали би прифатила да се реализира како мајка со вештачко оплодување.

„Кога ќе дојде време за тоа, ќе видиме. Од оваа перспектива можам да кажам дека ќе го направиме тоа и тоа да видиме што Бог ќе ни подари“ вели Дапчевиќ.

За потсетување, Тијана и Милан заедно го имаат синот Вук, а таа досега неколку пати истакна дека сака повторно да стане мајка.

Нејзината сестра Тамара Тодевска неодамна стана мајка по вторпат односно на свет го донесе синот Дарен, а Тијана стана тетка.

Please follow and like us:
Pin Share