Влатко Миладиноски за Денот на жената со настап во Холандија

Please follow and like us:
Pin Share

Легендарниот Влатко Миладиноски кој буквално ги руши сите рекорди со својот најголем хит “Велат не нема”, кој можеби е отпеан во вистински момент, веќе ги отпочна своите најавени и бројни турнеи.

Изминатиов период тој беше со свои настапи во Канада пред македонската дијаспора, каде ни таму македонците не ги остави воопшто рамнодушни. Во периодов  кој следува Влатко најавува уште мнгу бројни настапи.

-За 8-ми Март сум во Холандија, во Амстердам. Крајот на март патуваме заедно со Златко и Дамјан , тоа ќе биде поголема турнеја во Австралија, низ цела Австралија. Сега сме отворени, остана отворено прашањето за околу Велигден, бидејќи не знаеме кога ќе се вратиме од Австралија. Договараме за Словенија, Копер. Има за Турција договорено, за Швајцарија и Германија. Има доста понуди, истакнува Влатко.

Во меѓувреме како што додава Влатко, започнува и кај нас периодот на садбените веселби, при што ќе треба да се одработат и закажаните термини тука во нашата земја. Очекуваме доста бурен период, вели Влатко.

-Пред се имавме една поголема пауза во однос на Австралија, некои 5-6 години. Во меѓувреме се случија некои неубави работи, почина нашиот вујко, Војо Стојаноски, некако не бевме желни да одиме на патување. Сега мислам дека е вистинско време и со неговиот наследник Дамјан, ќе биде одлично, вели Влатко.

Секако за периодов кој следува и покрај бројните работни ангажмани, Влатко не застанува тука, најавува снимање на нови песни како трајни вредности од него.

Please follow and like us:
Pin Share