
Сателитската ИН ТВ, е една од најдобрите и несомнено единствена тв која неуморно преку своите емисии ги промовира македонските пејачи и македонската музика ширум светот. Ова го истакна Борче Наумовски Министерот кој важи за долгогодишен соработник на ИН Продукција.
Фолк пејачот Борче Наумовски Министерот со пофални зборови за сателитската ИН ТВ, а воедно и за ИН Продукција. Тој вели дека ИН ТВ е единствена тв која во сите овие години од нејзиното постоење, доста успешно ги промовира македонските песни и пејачи.
-Искрено кажано, мислам дека сте едни од најдобрите, да ве пофалам затоа што најактивни на секое поле. И со снимање спотови и со емисии, топ листи. За жал многу ретко го имаме во Македонија сега засега во овие времиња и мислам дека треба да биде повеќе застапено не само од ИН ТВ туку и од другите телевизии, но сега засега мислам дека вие сте најдобри.-истакна Наумовски.
Тој во изминатиот период промовираше видео записи во соработка со ИН Продукција за двете прекрасни песни “Ленче комшивче” и “Убавица си моја”.
-Снимивме два спота крајот на летото, месец август, добро испаднаа баш онака како што очекував. Треба да помине време сега, да видиме како ќе бидат прифатени, колку ќе имаат гледаност или колку ќе се пее песната. Гледаноста на јутјуб каналот и не е некое мерило, најбитно е да ја сакаат и да ја пеат. Во секој случај од замисленото сепак ако не 100 проценти, 90 барем ги остваривме за двата спотови.-вели фолк пејачот, за гледачите на ИН ТВ.
Во неодамнешното интервју, Наумовски открива дека периодов се подготвуваат две нови песни кои ќе ги работи заедно со неговиот композитор Кирил Стојчески.
-Секако дека и новите композиции ќе добијат свои видеа-додава Борче, за естрадниот магазин “Естрада плус”.