“Секој ден” е насловот на најновата песна од познатиот фолк пејач Благојче Стојановски Туше. Но тука не запира, тој за следниот период веќе подготвува нови песни, а за истите најавува и снимање на видео записи. Благојче е познат по неговите бројни настапи надвор од земјава, па вели дека и годинава нема да изостанат турнеите во Австралија, Америка, Канада, Шведска и Данска.
Благојче Стојановски Туше на Новогодишното шоу од ИН Продукција ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Секој ден”. Гледачите на сателитската ИН ТВ периодов имаа можност да уживаат во оваа песна пред малите екрани, а Благојче се надева дека ќе биде добро прифатена. И покрај многубројните настапи и патувања надвор од земјата, познатиот фолк пејач секогаш пронаоѓа време за да сними нов материјал и да ја почести јавноста со нови песни. Тој за следниот период најавува уште неколку нови песни и видео записи, но вели дека нема да изостанат ниту турнеите надвор од Македонија.
-Во 2018-та снимив неколку песни и во 2019-та година планирам уште неколку песни, нови спотови, настапи. Имам веќе договорени турнеи во Австралија, а во преговори сум за Америка и Канада, Шведска, Данска, па добро е.-истакна Благојче, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Иако е доста често надвор од земјава, особено во далечната Австралија, Благојче открива дека летниот период ќе биде повеќе во родната Македонија.
-Да да секако, годинава сигурно ќе имам настапи и надвор. Летниот период ќе бидам стационирам во Македонија.-открива Стојановски, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Инаку, пред извесно време Благојче го промовираше спотот за печалбарската песна “Клета судбина” за која што доби низа позитивни коментари од неговите фанови, но и музички соработници. Спотот го изработи екипата на ИН Продукција.
А во продолжение слушнете ја неговата најнова песна “Секој ден” !