Тие се новитет на македонската естрада. Бендот на браќа Нуне се доста барани низ земјава. Покрај бројните настапи кои ги имаа периодов, тие снимија и заеднички проект со познати македонски и српски хитови.
Бендот на Браќа е новитет на македонската музичка сцена. За овој краток период откако се оформија, тие успеаа да ја придобијат довербата од јавноста и остварија голем број настапи низ земјава. Од бендот велат дека за оваа година имаат веќе најавени свирки, а најчесто на семејните прослави.
-Со нашиот бенд имаме некои организации, свирки, работа, се ни се врти само околу музиката, но тоа нас ни е животот и за 2019-та се надевам и планираме уште повеќе работа со цел да ги задоволиме сите вкусови и насекаде да си поминеме убаво.-велат од бендот, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Бендот на браќа Нуне во изминатиов период снимија и видео проект со преработки на познати македонски песни и српски хитови кои во моментов се најбарани од нивната публика.
Инаку, бендот се состои од седум членови, музичари со големо сценско и музичко искуство. Добропознатите браќа Филип и Раде Нуне, женскиот вокал Мими Јовановска, машкиот вокал Драган Лазев, Никола Николовски на хармоника, Даниел Маневски-клавијатури и Слободан Геровски на ударни инструменти.
За следниот период најавуваат и нивна авторска песна, а до тогаш уживајте во она што тие го изработија.